Дома Фудбал Англија Манчестер Јунајтед во рок од 48 часа ќе го претстави младиот дефанзивец

Манчестер Јунајтед во рок од 48 часа ќе го претстави младиот дефанзивец

Манчестер Јунајтед во наредните два дена би требало да го заврши трансферот на Арон Ван-Бисака од Кристал Палас.

Ван-Бисака прифати да се пресели во Манчестер, а Кристал Палас за овој бек бара најмалку 50 милиони фунти.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Наводно на крајот овој трансфер ќе достигне и 60 милиони фунти, па тоа ќе биде рекорд кога е во прашање трансфер на еден дефанзивен британски фудбалер.

Ван-Бисака моментално е со младата репрезентација на Англија на Европското првенство во Италија.

Од Фудбалскиот сојуз на Англија порачаа дека ќе му дозволат на играчот да го напушти националниот тим доколку мора да замине на лекарски прегледи во Манчестер.

Играчот на Кристал Палас претходната сезона одигра 35 натпревари во ПЛ и запиша три асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Хакан Чалханоглу останува во Интер, пресече претседателот

Претседателот на Интер, Џузепе Марота, стави крај на шпекулациите околу можниот трансфер н…