Откако се појави информација дека Реал Мадрид испратиле понуда за Лионел Меси, се појави уште една екипа која сака да го донесе.
Станува збор за Манчестер Сити, чиј тренер Пеп Гвардиола е еден од најзаслужните за тоа што Меси е денеска.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сепак, проблем за екипата од Англија може да претставува финансискиот фер плеј, па мора да бидат сигурни дека нема да го нарушат со трансфер на Аргентинецот.
Барселона откупната клазула за Меси ја постави на неверојатни 700 милиони евра, но ако некој тоа може да го плати, тоа е Манчестер Сити.
Нормално, мора да бидат сигурни дека нема да добијат никаква казна кога станува збор за финансискиот фер плеј, ако се одлучат за овој потег.
Големо прашање е дали Меси ќе го прифати овој трансфер, но сигурно дека нема да има ништо против повторно да соработува со Пеп.