Дома Топ вести Манчестер Сити и Ливерпул го сакаат Де Јонг

Манчестер Сити и Ливерпул го сакаат Де Јонг

Барселона во текот на целото лето се обидуваше да го продаде Френки Де Јонг, но без успех, па Холанѓанецот остана на „Камп Ноу“.

Барселона се договори со Манчестер Јунајтед за трансфер вреден 85 милиони евра за 25-годишниот фудблер од средниот ред, но тој одби да разговара за трансфер.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


За Барселона најголем проблем е високата плата, а поради финансиските проблеми на лето повторно ќе мора да продава играчи.

Според „ЕСПН“, за холандскиот интернационалец се заинтересирани и Челзи и Ливерпул, кои ќе водат голема битка на лето за негогиот потпис.

Наводно и самиот Холанѓанец сега е решен да ја промени средината бидејќи е разочаран од односот на клубот кон него и преферира преселба во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…