Дома Фудбал Малку недостасуваше да остане без нога, а вчера постигна фантастичен гол – Санти Казорла! (ВИДЕО)

Малку недостасуваше да остане без нога, а вчера постигна фантастичен гол – Санти Казорла! (ВИДЕО)

Санти Казорла го постигна својот втор гол оваа сезона и тоа на фантастичен начин.

Во ремито во шпанскиот куп помеѓу Виљареал и Алмерија (3:3), Санти Казорла постигна фантастичен гол за изедначување на 1:1. Казорла мајсторски се ослободи од двајца чувари, а потоа од работ на казнетиот простор испрати удар кој беше неодбранлив за противничкиот голман.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Ќе потсетиме, Казорла настапувајќи за Арсенал доживеа тешка повреда која доведе до инфекција, а како што самиот своевремно потврди малку недостасувало да остане без нога.

Му беа изврешни девет операции, остана без осум сантиметри тетива во ногата, а во еден момент докторите му соопштиле дека може да биде среќен што воопшто има нога. Сепак, 34 годишникот успеа да се извлече и на почетокот на оваа сезона да се врати на теренот во дресот на Виљареал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бруно Фернандеш чека, два услови за потпис летово!

Нема да дознаеме скоро за судбината на Бруно Фернандеш. Португалецот, кој што е еден од на…