Дома Фудбал Англија Малерот на Ливерпул продолжува, се повреди уште еден дефанзивец

Малерот на Ливерпул продолжува, се повреди уште еден дефанзивец

Уште еден дефанзивен фудбалер на Ливерпул се повреди, а станува збор за 19-годишниот Рис Вилијамс.

Вилијамс се пожалил на болки во бутниот мускул, па го напуштил кампот на младата англиска репрезентација.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Медиумите пренесуваат дека не станува збор за сериозна повреда, но играчот ќе се врати во клубот и ќе бидат направени детални прегледи.

Како што е познато, Ван Дајк и Џо Гомез се со тешки повреди и ќе паузираат неколку месеци. Повреден е и Фабињо, а под знак прашалник е и Робертсон.

Добрата вест за Клоп е што Матип е спремен за игра, па во следниот меч најверојатно негов партнер ќе биде Натаниел Филипс, кој не е пријавен во Лигата на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Саудијците повторно за Винисиус: Неговиот трансфер е можен!

Поранешниот шеф на Барселона, Рамон Планес, сега спортски директор во Ал-Итихад, јавно збо…