Паоло Малдини доби функција на генерален директор во Милан и веќе рабори на градење на многу посилен тим.
Веќе е јасно дека нов тренер на „росонерите“ ќе биде Марко Џампаоло кој следната недела би требало да биде официјализиран на кормилото на „росонерите“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Италијанските медиуми денес ја открија и главната трансфер мета на Милан за следната сезона, а тоа е ѕвездата на Ајакс, Хаким Зијех.
Зијех одигра одлична сезона во Ајакс постигна 21 гола и запиша 24 асистенции, но последните информации се дека на лето сигурно ќе го напушти Ајакс.
За него интерес покажуваат голем број на европски гиганти, но Милан е спремен да ја победи конкуренцијата и Малдини веќе започнал преговори со неговиот агент.
Мароканецот има откупна клаузула од 25 милиони фунти, а „росонерите“ се спремни да ја платат.
Milan wants Ziyech from Ajax! Advanced negotiation with Maldini who is willing to invest an important sum to give it to Giampaolo. (CM) pic.twitter.com/WPfgMdqKDd
— AC Forza Milan/News (@ACForzaMilano) June 7, 2019