Едно лице е тешко повредено во оружен инцидент на улицата „Владимир Комаров“ во скопската општина Аеродром.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според очевидци, со четири до пет куршуми во пределот на главата и вратот е погодено лицето М.Ј., активен фудбалер.
Напаѓачот влегол во угостителски објект и започнал со пукање, според неофицијални информации. Полициски екипи се веќе пристигнати на терен. Напаѓачот е во бегство, а оружјето го оставил на лице место.
Случајни минувачи го сместиле повреденото лице во приватно возило и го транспортирале во непознат правец.
Полицијата потврди дека нападнатиот бил застрелан по што веднаш со приватно возило е префрлен во болница каде му се врши операција.
Очевидци за агенцијата МИА тврделе дека напаѓачот со четири до пет куршуми стрелал во пределот на главата и вратот на жртвата кој е активен фудбалер. Напаѓачот е во бегство, а полицијата трага по него. На лице место на улица Владимир Комаров во Аеродром се врши увид. Застреланиот е идентификуван Мартин Јанушев