Дома Македонски спорт Мак ракомет Македонските млади ракометари на неверојатен начин се вратија од „минус седум“ за реми против Хрватска

Македонските млади ракометари на неверојатен начин се вратија од „минус седум“ за реми против Хрватска

Младинската машка репрезентација одигра нерешно против репрезентацијата на Хрватска во вториот натпревар од Европското првенство во Словенија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Конечениот резултат од средбата беше 24:24, а на полувремето нашите ракометари имаа негатива од пет погодоци 10:15. Македонските ракометари во еден момент имаа и негатива од седум гола, но успеаа да се вратат до реми, сили за целосен пресврт немаа.

Димитар Узунчев и Славчо Шулески со по шест гола беа најефикасни во нашиот табор, а голманскиот двоец Галевски/Брестовац заедно забележа 11 одбрани.

За истакнување е и одбраната на Давид Брестовац во првото полувреме која беше издвоена и од ЕХФ.

Во сабота со почеток 14:20 часот нашите млади ракометари ќе играат против Австрија за прво место во групата и пласман во Главната фаза на Европското Првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…