Дома Македонски спорт Мак баскет Македонските кошаркари ги дознаа противниците во квалификациите за ЕП 2021

Македонските кошаркари ги дознаа противниците во квалификациите за ЕП 2021

Познати се противници на кошаркарската репрезентација на Македонија во квалификациите за ЕП 2021. Денеска во Минхен беа извлечени квалификациските групи за Европските првенства 2021 во двете конкуренции.

Македонија ќе игра против Италија која е еден од домаќините, потоа силната селекција на Русија, како и Естонија.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Со оглед на тоа дека Италија како ко-домаќин веќе има обезбедено учество на Еуробскет, црвено-жолтите својата шанса за настап на шампионатот ќе ја бараат пред се во двомечот со Естонија, селекција која пред две годни во пред-квалификациите за Мундијалот ги добија двата натпревари против нашата репрезентација.

Распоред на натпреварите:

20/21.02.2020
Македонија – Естонија

23/24.02.2020
Русија – Македонија

26/27.11.2020
Италија – Македонија

29/30.11.2020
Естонија – Македонија

18/19.02.2021
Македонија – Русија

21/22.02.2021
Македонија – Италија

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Вардар се засили со нов ракометар!

Вардар активно работи на засилувања што ќе можат да одговорат на барањата на стручниот шта…