Во рамки на квалификациите за Лигата на шампионите, македонскиот носител на трофејот, Вардар ремизираше на гостувањето кај Малме во Шведска (1:1)
Во првиот дел не беше постигнат ниту еден погодок, а резултатот го отвори Бобан Николов кој на асистенција на Балотели направи вистинска мајсторија во 63. минута.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Но во 75. минута стигна одговорот и од домашниот состав, кој до реми стигна благодарение на погодокот на Брорсон.
Реванш дуелот ќе се одигра на 18. месецов во Струмица.
Во останатите дуели од терминот во 19:00 часот, Апоел славеше кај Дуделанге со 1:0,Хапоел Бер Шева со 2:1 триумфираше над Хонвед, Траспол беше поуспешен од албански Кукеши, а ремизираа екипите на Зринјски и Марибор со резултат 1:1.