Репрезентацијата на Македонија до 21 година ги загуби шансите за пласман на Европското првенство поради лошите резултати, а денес ги очекува натпревар против Гибралтар.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Иако победа веројатно нема да значи многу, избраниците на Драги Канатларовски мораат да слават победа. Ќе гостуваме на Гибралтар и поради лошите резултати, кикс и против ваква селекција е премногу.
Против Холандија во минатото коло изгубивме 5:0 без да шутнеме на противничкиот гол, па потребно е колку-толку да се поправи впечатокот.
Македонија во групата има две победи, една беше токму против Гибралтар. Натпреварот започнува во терминот од 13:00 часот.