Дома Останати Кошарка Македонецот Емил Рајковиќ вторпат тренер на сезоната во ВТБ лигата!

Македонецот Емил Рајковиќ вторпат тренер на сезоната во ВТБ лигата!

Македонецот, Емил Рајковиќ вторпат во својата кариера е прогласен за тренер на сезоната во регионалната ВТБ лига.

Рајковиќ признанието го доби пред вчерашниот натпревар во полуфиналната серија против Локомотив Кубан кој неговиот тим го загуби со 83:84.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Со ЦСКА, Рајковиќ собори дури пет рекорди: Најдобар старт на сезоната (24-0), најдолга низа победи (24), 30 победи во основниот дел од сезоната (30), 14 натпревари со 100 или повеќе поени и најдобар напад во историјата со просек од 95,6 поени по натпревар.

Во регуларниот дел од првенството ЦСКА стигна до 30 победи во 32 натпревари, додека во првата рунда од плеј-офот го елиминираа Саратов со 3:0.

Треба да се истакне дека Рајковиќ е само втор тренер во историјата на ВТБ лигата кој повеќе од еднаш бил тренер на сезоната, рекордер со четири сезони е Димитрис Итудис. Рајковиќ ова признание претходно го доби во 2019-та година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

На легендарен тренер му изгоре домот до темел (Видео)

Од САД пристигна шокантната вест дека куќата на легендарниот тренер на Мајами Хит, Ерик Сп…