Белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку ќе ги пропушти првите два натпревара на Светското првенство во Катар.
Најдобриот стрелец на Белгија кој се мачи со повреда на тетиравата, нема да биде во составот за пресметките со Канада и со Мароко.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
За него беше неизвесно и дали ќе биде во составот за Мундијалот. Сепак селекторот Роберто Мартинез го повика во тимот, а денес беше објавена попрецизна информација за неговата состојба.
Дополнителните тестови треба да покажат дали Лукаку ќе може да игра во третоко коло против Хрватска или ќе се врати во нокаут фазата.