Дома Фудбал Англија Лукаку призна: Не сум среќен, еден ден ќе се вратам во Интер

Лукаку призна: Не сум среќен, еден ден ќе се вратам во Интер

Ромелу Лукаку минатото лето го напушти Интер и за 115 милиони евра се пресели во Челзи.

Белгискиот напаѓач сега го „отвори срцето“ и призна дека не е среќен во Челзи, им се извини на фановите на Интер и потврди дека еден ден ќе се врати.


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


„Физички сум добар. Но, не сум среќен со ситуацијата во Челси. Тухел реши да игра со поинаков систем. Нема да се предадам, ќе бидам професионалец. Не сум среќен со ситуацијата, но сум професионалец и не можам да се предадам сега“, изјави Лукаку.

„Се надевам од дното на срцето дека ќе се вратам во Интер не на крајот на кариерата, туку кога уште ќе сум на врвно ниво за да освоиме уште нешто заедно. Сакам да им се извинам на навивачите на Интер бидејќи не ги избрав зборовите добро, тоа што го направивте за мене, ќе остане засекогаш“, додаде Белгиецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Стоунс го спаси од пораз Манчестер Сити во дербито со Арсенал 🎥

Во дерби натпреварот од 5. коло на англиската Премиер лига, Манчестер Сити и Арсенал одигр…