Дома Фудбал Италија Лукаку во 120-та минута ја елиминира Фиорентина и закажа дуел со Ибра🎥

Лукаку во 120-та минута ја елиминира Фиорентина и закажа дуел со Ибра🎥

Интер после продолженија ја елиминира Фиорентина во Купот на Италија и се пласираше во четвртфинале каде ќе игра со Милан.

Херој за „нероаѕурите“ беше Ромелу Лукаку, кој во 120-та минута го постигна победничкиот гол за Интер.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„Нероаѕурите“ подобро го отворија мечот и дојдоа во водство во првото полувреме откако беше досуден пенал над Санчез. Сигурен реализатор од белата точка беше Видал.

Второто полувреме и припадна на Фиорентина, која израмни преку Куаме и го однесе мечот во продолженија.

Фудбалерите на Интер промашија неколку чисти шанси, а кога се чинеше дека победникот ќе биде решен на пенали, Лукаку постигна гол после одличниот центаршут на Барела.

Во четвртфиналето ќе има миланско дерби, кое на програмата е на 27-ми јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Беше еден од најдобрите во Интер, сега го чека пауза до пролет

Дензел Дамфрис, одбранбениот играч на Интер, беше подложен на хируршка интервенција во Лон…