Луис Енрике призна дека е горд што неговиот тим стигна до полуфиналено на Европското првенство.
„Црвената Фурија“ вчера беше поразена од Италија после пенал рулетот откако во регуларните 90 и продолженијата беше 1:1.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Среќен сум што стигнавме до тука. Денес и двете репрезентации беа на едно високо ниво. Натпреварот беше спектакл за сите што го сакаат овој спорт. И честитам на Италија, ќе навивам за нив во финалето. Сакам да ја прикажат истата игра и да го подигнат трофејот“.
„Италија го започна натпреварот интезивно, како и ние. На теренот изгледаше како да се натпреваруваат два спортски автомобили, мислам дека го видовме најдобриот фудбал на Европското првенство“.
За крај потврди дека ќе навива за Италија.
„Да, ќе бидам навивач на Италија во финалето“, изави Енрике.