Дома Фудбал Англија Луис Енрике отпадна – ова се петмината кандидати за клупата на Арсенал!

Луис Енрике отпадна – ова се петмината кандидати за клупата на Арсенал!

Списокот на потенцијални кандидати за тренерското столчне на Арсенал веќе е сведен на петмина тренери, пренесуваат медиумите на Островот.

Раководството на Арсенал се откажало од можноста да го привлече Луис Енрике по крајот на сезоната, бидејќи неговите финансиски барања биле премногу високи за „топџиите“, тврди „Дејли Мејл“.

Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ


Шефовите на Арсенал воопшто немаат намера да даваат огромна плата на идниот тренер, особено имајќи предвид дека тимот нема да игра во Лигата на Шампионите следната сезона.

Моментално има 5 кандидати кои се во потесниотс список, а станува збор за Масимилиано Алегри, Патрик Виеира, Микаел Артета, Јоаким Лев и Леонардо Жардим.

Медиумите на Островот тврдат дека големи се шансите „топџиите“ клупата да му ја доверат на млад тренер, па веројатноста да биде назнаечен еден меѓу Виеира и Артета во овој момент е многу голема.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Гарначо е пред трансфер во голем ривал на Манчестер Јунајтед!

Alлехандро Гарначо би можел наскоро да се пресели во еден од најголемите ривали на Манчест…