Дома Топ вести Луис Енрике заминува, Барса веќе најде замена!

Луис Енрике заминува, Барса веќе најде замена!

Барселона во последно време има проблеми околу продолжувањето на договорите на клучните луѓе во клубот. После Меси, кој сеуште не го продолжил договорот, сега постои проблем и со новиот договор на Луис Енрике.

Шпанските медиуми тврдат дека голема е веројатноста Луис Енрике на крајот на сезоната да ја напушти Барса, а челниците на клубот веќе разгледуваат опции за негова замена.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Според инсајдерски информации од клубот најголема желба е тренерот на Севиља, Хорхе Сампаоли. Аргентинскиот тренер оваа сезона е хит во шпанската лига и се повеќе се поврзува со Барселона.

Многу фудбалери на Барса го обожаваат Сампаоли, пред се Меси, што може да биде и пресуден фактор кога е во прашање новиот тренер на Барса.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Проблем за Манчестер Јунајтед: Фернандеш мора да паузира надвор од терените

Капитенот на Манчестер Јунајтед Бруно Фернандеш и неговиот соиграч Коби Мејну нема да игра…