Со продавање на ТВ права Лапорта успеа да обезбеди неколку одлични засилувања за Барселона во текот на летото, меѓутоа првиот човек на Каталонците откри и дека поради финансиската ситуација пропуштиле да доведат одличен играч.




Лапорта откри дека Ливерпул ја искористил нивната ситуација и успеал да го доведе Луис Диаз за кого се распрашавуала и Барселона. Барселона покажала интерес, меѓутоа клубот во тој момент не бил во ситуација да може да троши пари.




Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓
„Да, бевме заинтересирани за Луис Диаз и оствариме контакти. Сепак, Ливерпул успеа пред нас да го обезбеди неговиот потпис, ние бевме во тешка финансиска ситуација. Станува збор за одличен играч и нема потреба премногу да зборуваме на таа тема“, изјави Лапорта.




Ќе потсетиме, Ливерпул во јануарскиот преоден рок за Диаз плати сума од 47 милиони евра.