Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Лош податок за Данците: Шмајхел е омилена „жртва“ на Хари Кејн

Лош податок за Данците: Шмајхел е омилена „жртва“ на Хари Кејн

Вечерва на „Вембли“ ќе го добиеме вториот финалист на Европското првенство.

Италија вчера на пенали ја совлада Шпанија и сега го чека противникот во финалето. Данците се мотивирани и даваат се од себе, а ситуацијата со Кристијан Ериксен им беше дополнителен мотив да одиграат најдобро што можат.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Статистичарите пред вечерашниот натпревар објавија податок кој не оди во прилог на Данците. Хари Кејн во својата кариера најмногу голови му дал на Каспер Шмајхел, голманот на Данска.

Играјќи во дресот на Тотенхем во натпреварите против Лестер Кејн постигнал 14 голови против Шмајхел што е повеќе од против било кој друг голман. Интересно втор на листата на Кејн е репрезентативниот голман на Англија, Џордан Пикфорд.

Како и да е се статистиките не мораат ништо да значат, тоа се покажа и вчера затоа што Шпанија за првпат беше елиминирана во едно полуфинале на Европско првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…