Дома Фудбал Англија Лоши вести за Челзи: Бен Чилвел ја заврши сезоната

Лоши вести за Челзи: Бен Чилвел ја заврши сезоната

Левиот бек на Челзи, Бен Чилвел ја заврши сезоната поради повреда на предмиот вкрстен лигамент.

Англискиот репрезентативец се повреди во натпреварот против Јувентус во Лигата на шампионите. Мораше да му биде извршен хируршки зафат и сега го чека подолга пауза.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Сега Томас Тухел остана на само еден играч по левата страна – Маркос Алонсо. Иако, по потреба таа позиција може да ја покрива и Калум Хадсон Одои.

Останува да се види дали „сините“ ќе реагираат во јануарскиот преоден рок и ќе доведат замена за Чилвел. Постои опција од позајмица да биде вратен Емерсон Палмери.

Од почетокот на сезоната Чилвел одигра 12 натпревари, постигна три гола и запиша една асистенција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барселона има план за разделба со Тер Штеген, кој го разочарал Флиг

Со оглед на очекуваното привлекување на Жоан Гарсиа од Еспањол и претстојното препотпишува…