Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Лоши вести за Уругвај – Кавани аут против Франција

Лоши вести за Уругвај – Кавани аут против Франција

Едисон Кавани нема да успее да се рехабилитира од повредата и ќе го пропушти четвртфиналниот меч против Франција, информира еминентниот „Екип“.

Кавани се здоби со повреда на мускулот за време на осминафиналниот натпревар против Португалија, на кој со два гола му донесе победа на Уругвај.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Напаѓачот беше оптимист дека ќе може да се опорави до петок и да биде во стартниот состав против Франција, но последните информации го говорат спротивното.

„Матадорот“ се уште има оток и не тренира со остатокот од тимот, па готово сигурно нема да може да игра на мечот против Франција.

Францускиот весник „Екип“ пренесува дека во најдобро сценарио може да се најде на клупата за резерви.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Поранешниот напаѓач на Реал Мадрид без влкана на јазикот: Бев подобар од Левандовски и Халанд

Во интервју за една емисија, прославениот напаѓач, кој остави силен впечаток во дресовите …