Стефано Сенси одлично ја отвори сезоната откако пристигна од Сасуоло во Интер.
Овој 24 годишен играч за врска ги воодушеви сите со своите настапи на почетокот на сезоната, но потоа дојде лош период во кој имаше неколку повреди. Сенси неодамна се врати на терен, меѓутоа го изгуби местото во стартниот тим на „нероаѕурите“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Но, полека тој почнува да се враќа во форма, сепак повторно се повреди и тоа во прилично лош момент. Од Интер потврдија дека нема да можат да сметаат на Снеси во наредните три недели.
Оваа повреда доаѓа пред и тоа како тежок распоред за тимот на Конте. Конте на Сенси не ќе може да смета во дербито против Лацио, а под знак прашалник е неговиот настап против Јувентус на 1. март.
Во досегашниот дел од сезоната Сенси на 17 натпревари постигна три гола и запиша четири асистенции. Поради проблеми со повредите веќе пропушти 12 натпревари.