Tимот на Нотингем Форест не игра добро оваа сезона, „шумарите“ по 15 одиграни кола во Премиер лигата се 16-ти на табелата со 13 бодови, а дебаклот против Фулам од 5:0 дополнително ја затресе клупата на Стив Купер.
Купер успеа да ја донесе екипата до Премиер лигата во 2022 година и минатата избори опстанок, но сезонава по 15 натпревари има осум порази.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во раководството наводно размислуваат за негова смена и како прва опција во овој момент се наметнува Јулијан Лопетеги кој е без работа откако го напушти Вулверхемптон.
Лопетеги неодамна го одби саудискиот Ал-Итихад бидејќи сака да работи во некоја од посилните европски лиги.
Во кариерата Лопетеги беше селектор на Шпанија, но ги предводеше и Реал Мадрид и Севиља.