Дома Фудбал Лига на шампиони Лига на Шампиони: Шкендија – Шериф Тираспол, анализа и предлог тип

Лига на Шампиони: Шкендија – Шериф Тираспол, анализа и предлог тип

Шкендија е домаќин на молдавски Шериф Тираспол во рамките на второто квалификациско коло на Лигата на Шампиони. Молдавскиот шампион е фаворит на двомечот и со таква улога допатува во Скопје, но Шкендија има квалитет за изненадување. Многу работи зависат од првиот меч, а ние веруваме во добар резултат на македонскиот шампион.

Шкендија има квалитет за пласман во следното коло

Шкендија дефинитивно е најквалитетното од Македонија. Сезонава далеку поквалитетна екипа од Вардар и веројатно на рамниште на Вардар од минатата година кога скопскиот тим играше во групите на Лигата на Европа. Иако останаа без капитенот Хасани, во тимот дојдоа неколку засилувања па отсуството на Хасани не би требало да претставува голем проблем. Екипата е речиси идентична од минатата сезона и тое е голема позитива за тимот во настапите во Европа. Воиграноста е беспрекорна, а тоа најдобро се виде на првиот меч против ТНС. Шкендија славеше со 5:0. Поразот во Велс во реваншот со 4:0, не би требало да биде мерило за формата или квалитетот на екипата. На тој меч настапија претежно фудбалери кои не добија шанса на дуелот во Македонија. Сепак тоа беше вистински шок за фудбалерите од Тетово и сега добро ја знаат лекцијата и нема да дозволат повторување на грешките.

Радевски повреден, кој на негово место !?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Радевски нема да настапи на овој меч, а веројатно ќе го пропушти и реваншот во Молдавија. Прашањето сега е кој ќе настапи на енговата десна крилна позиција. Тренерот Османи има неколку варијанти, но ниту една од нив не е ниту прибложно иста со Радевски кој е еден од најдобрите фудбалери на тимот. На негово место може да стартува Тодоровски, но тој стартуваше во Велс против ТНС и одигра очајно. Исто така тој е многу подефанзивно ориентиран за разлика од Радевски. Другата опција е Жуниор кој би бил прекомандуван од левата на десната страна, но во тој случај би ослабела левата крилна позиција. Тука се уште неколку млади фудбалери, но прашање е колку тие со нивното мало искуство би завршиле добра работа во еден така важен меч.

Шериф неприкосновен во Молдавија и одличен во Европа

Шериф е убедливо најдобриот тим во Молдавија и е неприкосновен во оваа земја во изминатите неколку години. Во тимот се работи на високо ниво, по сите европски стандарди а буџетот е скроен за пласман во групна фаза на некое од европските натпреварувања. Впрочем тоа е и целта на оваа екипа, откако минатата сезона играше во групите на Лигата на Европа и заврши како трета со 9 освоени бода, исто колку и вториот Локомотив Москва, но не се пласираше во 1/16 финалето поради гол разликата. Во првиот натпревар во првото коло Шериф изненадувачки беше поразен во Грузија од Кутаиси со 2:1. Но на реваншот дома славеше комотна победа од 3:0 за заслужен пласман во второто коло.

Тим составен од интернационалци, без молдавци во првите 11

Тимот е составен претежно од интернационалци, а интересно на првиот меч против Кутаиси во првите 11 немаше ниту еден молдавец, а на реваншот само еден. Тројца хрвати, двајца бразилци, белгиец, босанец и по некои фудбалер од Африка го сочинуваат нивниот костур. Фудбалерите на Шкендија највеќе треба да внимаваат на Бабагинда во средината и на Камара во нападот кои се први стрелци на екипата оваа сезона. Но тука е и Жоалисон кој постигна два гола на натпреварот против Кутаиси во првото квалификациско коло.

Целосниот текст прочитајте го на специјализираниот портал kladenje.mk

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Маскерано ќе биде нов тренер на Меси и Интер Мајами

Првата клупска тренерска работа на Хавиер Маскерано ќе биде да го тренира еден од најдобри…