Ливерпул е во потрага по играч за врска, а најнова мета е фудбалерот на Астон Вила, Даглас Луиз.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според медиумите „црвените“ ќе понудат 20 милиони фунти за Бразилецот, кој влезе во последната година од договорот со Астон Вила.




Јирген Клоп има малку алтернативи во средниот ред и сака да донесе квалитетен играч за врска, бидејќи во моментов има многу повредени фудбалери.




Даглас Луиз е еден од најдобрите поединци во Астон Вила, но влезе во последната година од договорот и сака да ја промени средината.




Сепак, клубот од Бирмингем тешко дека ќе се согласи да го пушти пред да најде соодветна замена.