Дома Фудбал Лига на шампиони Ливерпул на Клоп запиша нови страници во историјата: Ова не им успеа ниту на Јунајтед, ниту на Сити

Ливерпул на Клоп запиша нови страници во историјата: Ова не им успеа ниту на Јунајтед, ниту на Сити

Откако Јирген Клоп го превзеде Ливерпул, мора да се признае дека „Црвените“ играат атомски фудбал.

Минатата сезона „големата тројка“ Кутињо-Мане-Фирмино ги тероризираше мрежите во Премиер лигата, а сега го добија и Салах, па со Египѓанецот сеат страв и во остатокот на Европа, како поминуваше сезоната изборија пласман во ЛШ.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Моќта на нападот на Ливерпул на своја кожа го осети Спартак, која прими дури седум гола на „Енфилд“. Така стигнаа до бројка од 23 постигнати голови во групната фаза од ЛШ оваа сезона. Со тој учинок станаа најефикасен англиски тим во историјата на групната фаза во најелитното натпреварување.

Оваа сезона од нив поефикасен е само ПСЖ, кој постигна 25 гола и стана најефикасниот тим во историјата на групната фаза од Лигата на Шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Најдолго гостување во историјата на Лигата на шампионите: Тимот прелета шест часовни зони

Фудбалерите на казахстанскиот Кајрат од Алмати утре го започнуваат својот деби настап во Л…