Ливерпул ја разгледува можноста да го доведе на „Енфилд“ плејмејкерот на Интер, Марсело Брозовиќ, пренесуваат италијанските медиуми.
Клоп во хрватскиот репрезентативец гледа идеална замена за Чемберлејн, кој заработи тешка повреда во предсезоната и долго време ќе отсуствува од терените.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Тренерот е загрижен поради малкуте алтернативи кои ги има во средниот ред и верува дека Брозовиќ одлично ќе се вклопи во неговиот тим.
Брозовиќ е еден од најважните фудбалери на Интер, па „нероаѕурите“ нема лесно да се откажат, но Ливерпул е спремен покрај пари да го понуди и Наби Кеита.