Французинките во црвено-црниот женски ракометен состав,  Амандин Лејно и Александра Лакрабер со репрезентацијата на Франција станаа светски шампиони  на Мундијалот што се одржа  во Германија минатиот месец. Тие го  освоија светското злато, а сега со другите ракометарките  се подготвуваат за продолжението на сезоната во ЛШ и на крајот на месецов „црвено-црните” ќе го играат првиот меч од Главната фаза против Мец на домашен терен.

Многу сум среќна што ја освоиме титулата со националниот тим на Франција, долго ја посакувавме и ја заслуживме наградата, а во новата година, иако е рано да се зборува за тоа, се надевам дека и со Вардар ќе ја освоиме лигата на шампионите. Среќна сум што повторно сум тука, убаво ми со тимот и веќе почнавме да се подготвуваме за нови победи. Нѐ очекуваат тешки натпревари. И треба да одиме постепено, прво да се подготвиме за првиот натпревар од шампионатот- вели голманката Анадин Лејно.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Иако во напад е жестока и незапирлива, сепак за десниот бек Александра Лакрабер, она што и го донесе успехот на Франција е одбраната. „Беше прекрасно да се освои златото на Мундијалот, и сега сакаме и со Вардар да го повториме успехот. Според мене, клучно за успехот е одбраната и на тоа треба многу да се работи. На првенството со Франција се покажа дека одбраната е многу важна за успех, и со националниот тим најмногу работевме на одбраната. И за мене тоа е клучно– вели Александра Лакрабер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

ЕХФ го смести Вардар во вториот шешир во Лига Европа

Европската федерација, ЕХФ денеска ги објави шеширите пред ждрепката за Лига Европа, а еки…