Дома Трансфер зона Лестер се засилува со играчи на Милан и Јувентус

Лестер се засилува со играчи на Милан и Јувентус

Премиерлигашот Лестер сака да се засили во зимскиот преоден рок со играчи на италијанските гиганти Милан и Јувентус.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, на радарот на „лисиците“ се дефанзивецот на „старата дама“ Даниеле Ругани и играчот за врска на Милан, Хакан Чалханоглу.

Ругани оваа сезона добива многу мала минутажа и е спремен да ја промени средината во зимскиот преоден рок, а таквата ситуација сака да ја искористи Лестер.

Лестер на сличен начин одработи и со Сојунчу кој го донесе една година пред да го продаде Мегваер, а сега веројатно ќе заработи големи пари на неговата продажба, а негова замена би требало да биде токму Даниеле Ругани.

Роџерс сака да го засили и средниот ред, а прва желба е Чалханоглу. Милан е спремен да го продаде турскиот репрезентативец за 20 милиони евра, па се очекува наскоро да започнат преговорите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…