Дома Топ вести Леонардо отпатува во Бразил: Милан на чекор од бразилската ѕвезда!

Леонардо отпатува во Бразил: Милан на чекор од бразилската ѕвезда!

Италијанскиот гигант Милан значително се засили во зимскиот преоден рок, но спортскиот директор Леонардо веќе работи на нови засилувања.

Во јануари на „Сан Сиро“ пристугнаа Лукас Патека и Криштоф Пјонтек за 70 милиони евра и двајцата веднаш се вклопија во тимот на Гатузо и буквално го променија ликот на „росонерите“ со својот квалитет.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Италијанските медиуми пренесуваат дека Леонардо сака во летниот преоден рок да донесе уште една бразилска ѕвезда на „Сан Сиро“, а станува збор за Евертон, кој го носи дресот на Гремио.

Овој 22-годишен крилен напаѓач е мета на многу европски гиганти и веќе дебитираше за бразилската репрезентација, но последните информации се дека „росонерите“ ги започнале преговорите.

Евертон има откупна клаузула до 80 милиони евра, но Леонардо се обидува да го договори трансферот за сума помеѓу 40 и 50 милиони евра.

Бразилските медиуми пренесуваат дека Леонардо отпатувал во Бразил да ги договори последните детали со претседателот на Гремио, а фудбалерот и самиот призна дека би бил среќен да се пресели на „Сан Сиро“.

„Многу сум среќен за интересот од страна на Милан. Тој е еден од најголемите клубови во светот. Ќе видиме што ќе се случи. Зборував со Пакета, ако преговорите завршат како што треба ќе бидеме соиграчи“, откри Евертон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Гвардиола ја сака ѕвездата на Њукасл

Примарна цел на Манчестер Сити во зимскиот преоден рок ќе биде засилување на средниот ред,…