Дома Фудбал Леонардо Бонучи објави крај на кариерата

Леонардо Бонучи објави крај на кариерата

Познатиот италијански фудбалер Леонардо Бонучи (37) објави дека ја завршил професионалната кариера!

Легендарниот стопер, кој беше европски првак со Италија во 2021 година, реши да ги „закачи копачките“ и да ја заокружи фантастичната кариера, во која, сепак, не успеа да ја освои титулата европски клупски шампион.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Одличниот фудбалер долги години беше столб на одбраната на италијанската репрезентација и на Јувентус, а последен клуб во кој настапуваше беше Фенербахче. Тој ќе остане запаметен како еден од ретките играчи кои во текот на кариерата ги носеа дресовите на Интер, Јувентус и Милан, иако никогаш не играше за првиот тим на Нероаѕурите.

Кариерата ја започна со Витербезе, како дете отиде во Интер, а потоа помина две сезони на позајмица во Тревизо и Пиза. Тој се пресели во Џенова, каде исто така немаше значајна улога, а потоа во Бари, каде што неговата кариера почна да расте. По само една година во тој клуб, во 2010 година се пресели во Јувентус, каде стана еден од најдобрите дефанзивци во Европа.

Помина седум години во дресот на „Старата дама“, играше во две финалиња во Лигата на шампионите и ги загуби двете, а потоа на изненадување на многумина се пресели во редовите на лутиот ривал Милан. Тој потег не се покажа како добар, бидејќи по само една година се врати во Јуве каде помина уште пет години. Во последната сезона почна во Унион Берлин, а потоа се пресели во Фенербахче каде на крајот не успеа да ја освои титулата турски првак.

Како што веќе кажавме, најголемиот успех го постигна со Италија кога стана европски првак во 2021 година, а покрај тоа, со Јувентус освои осум шампионски титули на Италија, четири Купа, како и пет трофеи во Суперкупот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Спалети предложи револуција за спас на италијанскиот фудбал: Секој тим мора да има…

Радикален план за спас на италијанскиот фудбал, сè со една цел – посилна репрезентац…