Дома Фудбал Останато Легија објави снимка од апсењето на фудбалерите во Холандија: Беше ужасно, не би го посакал ниту на најголемиот непријател!

Легија објави снимка од апсењето на фудбалерите во Холандија: Беше ужасно, не би го посакал ниту на најголемиот непријател!

Фудбалерот на Легија Варшава, Жосуе беше уапсен по хаосот против АЗ Алкмар во Конференциската лига. a сега клубот објави видео компилација од хаосот кој се случуваше во Холандија.

Во целата таа ситуација најлошо поминаа Радован Панков и капитенот Жосуе кои ноќта ја минаа во притвор.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Тоа беше ужасна ноќ. Никогаш не сум доживеал нешто толку лошо, толку неправедно. А верувајте ми, сум поминал сешто во животот. Тие часови на неизвесност и стравови кои тогаш ги чувствував не ги посакувам ниту на најголемиот непријател. Излегов од затвор, но ќе ми треба некој период за психички да закрепнам. Знам дека морам да живеам со тоа“, вели Жосуе, кој додава дека лоши биле условите во келијата.

Холандската полиција тврдеше дека двајцата ги нападнале припадниците на обезбедувањето и дека на еден од нов му ја скршиле раката.

На снимката се гледа како фудбалерите се апсени од страна на полицијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Легенда на Ливерпул откри дека се борел за живот: Беше страшно, не можев да дишам

Јан Раш (64), легендарниот поранешен напаѓач на Ливерпул, откри дека неодамна се борел за …