Дома Фудбал Англија Легендата тврди: Де Геа е единствен играч од светска класа во Јунајтед

Легендата тврди: Де Геа е единствен играч од светска класа во Јунајтед

Бившиот фудбалер на Манчестер Јунајтед, а сега телевизиски коментатор Гери Невил тврди дека сега единствен фудбалер од светска класа кој го имаат „црвените ѓаволи“ е голманот Де Геа.

Иако во Манчестер Јунајтед има многу фудбалери кои би можеле да го понесат епитетот „светска класа“, Гери Невил смета дека таков калибар е само Де Геа.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Де Геа е единствениот играч од светска класа во Јунајтед. Можеби тоа може да биде и Алексис Санчез, но се уште не е вклопен во Јунајтед. Во овој момент единствен играч од светска класа е Де Геа. Единствен кој во Јунајтед се снаоѓа добро, а не е светска класа, е Антонио Валенсија. Навистина е неверојатен“, смета Гери Невил.

„Најголем проблем за Мурињо е како Лукаку, Рашфорд, Марсијал и Санчез да ги постави во нападот и да најде комбинација која ќе функционира. Моментално е големо прашање кој игра по десната страна? Ни Марсијал, ни Санчез не се идеални за таа позиција“, заклучи Невил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Њукасл не се шегува: Договори напаѓач од 80 милиони евра!

Италијанскиот инсајдер Фабрицио Романо откри ексклузивна информација дека Штутгарт ја приф…