Дома Фудбал Италија Легендата на Интер „удри“ по „росонерите: Па тој нема сигурно место ниту во Хрватска!

Легендата на Интер „удри“ по „росонерите: Па тој нема сигурно место ниту во Хрватска!

Милан многу ветуваше во текот на летото и на нови засилувања потроши дури 231 милиони евра, сите очекуваа дека Милан оваа сезона ќе се бори за титулата во италијанското првенство, но тоа титулата барем во овој момент е далеку од реалност за „росонерите“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тимот игра лошо, без идеја, а тренерот Виченцо Монтела изгледа изгубено. Тимот на стартот од сезоната запиша порази од Лацио, Сампдорија, Рома, Интер и Јувентус. Во последниот викенд во дербито против Јувентус, Никола Калиниќ тешко се носеше со Киелини и Ругани.

Одлуката Калиниќ да игра во првиот состав на „росонерите“ ја критикуваше и легендата на Интер.

„Дали сме сигурни дека Калиниќ е играч на Милан? Па тој дури нема место ниту во репрезентацијата на Хрватска. Не сум сигурен дека Милан направи добар потег кога го доведе“, порача легендата на Интер, Џузепе Бергоми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

(ВИДЕО) Голем гест на Роналдо: Помага на момче од Венецуела кое изгуби сè во земјотресот

Страшниот земјотрес што ја погоди Венецуела кон крајот на јуни и понатаму буди силни емоци…