Дома Фудбал Англија Легендарниот фудбалер објави: „Слушнав дека Лампард тргнува по Меси“

Легендарниот фудбалер објави: „Слушнав дека Лампард тргнува по Меси“

Откако Лионел Меси поднесе официјално барање до клубот за раскин на договорот, почна да се шпекулира за клубот каде ќе ја продолжи кариерата.

Се споменуваат многу големи тимови, претежно оние кои се во можност да му ги исполнат условите на Аргентинецот. Во прв ред се Манчестер Сити и ПСЖ, потоа Манчестер Јунајтед, Јувентус, а сега и Челси.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Токму Челси ова лето донесе неколку ѕвезди како Тимо Вернер, а би требало да дојдат и Тиаго Силва и Хаверц, а сега почна да се шпекулира дека Лампард тргнал и по Меси. Тоа го објави легендарниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд.

„Слушнав дека Лампард тргнува по Меси“ – напиша Фердинанд на Твитер.

Останува да видиме како ќе се одвива целата ситуација околу иднината на Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барселона прифати понуда да го продаде за 15 милиони, но тој не сака да „слушне“ за трансфер

Барселона пред неколку дена доби понуда што ја прифати за еден од своите првотимци, но тој…