Дома Фудбал Легендарниот стопер си заминува од Јунајтед. Доаѓа замена за 30 милиони евра?

Легендарниот стопер си заминува од Јунајтед. Доаѓа замена за 30 милиони евра?

МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД одигра сезона за заборав. „Црвените ѓаволи“ завршија на осмото место со ист број бодови како Њукасл, но поради полошата гол-разлика, која во нивниот случај е дури и негативна не обезбедија пласман во Европа.

На крајот се спасија со освојувањето на ФА Купот против Сити, но целокупниот впечаток секако не е добар. Шефовите на клубот наводно веќе бараат ново тренерско решение, но и освежување за играчкиот кадар. Голем проблем за Јунајтед во сезоната штотуку заврши беше одбраната.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Бразилскиот играч за врска Касемиро мораше да игра стопер поради кадровски ограничувања, па според англискиот Индипендент, главна цел на Јунајтед на лето е засилување на бековската линија. Нивната прва желба е дефанзивецот на Челзи, Чалоба, кој главно игра на позицијата стопер.

Чалоба има 25 години, а Челзи за него би барал 30 милиони евра. Јунајтед во англискиот дефанзивец гледа замена за Рафаел Варан, кој нема да го продолжи договорот и наскоро се очекува да потпише за клуб од Саудиска Арабија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бивш играч на Луческу: Не ми дозволи да одам на погребот на мајка ми…

Здравствената состојба на славниот романски тренер Мирча Луческу е сè уште критична откако…