Дома Фудбал Легендарниот Карлос Тевез има нова работа

Легендарниот Карлос Тевез има нова работа

Поранешниот аргентински фудбалер, 39-годишниот Карлос Тевез е нов тренер на аргентинскиот прволигаш Индепендиенте, соопштија од клубот преку социјалните мрежи.

Тевез на таа позиција го наследи аргентинскиот стручњак Алберто Зиелински, кој се повлече по неодамнешниот пораз на домашен терен (0:1) од Колон.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


За поранешниот напаѓач на Вест Хем, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Јувентус, кој играчката кариера ја започна и заврши во Бока Јуниорс, ова ќе биде втора тренерска работа во кариерата. Минатата година тој раководеше со аргентинскиот прволигаш Росарио Централ, но поднесе оставка по пет месеци на клупата.

Како играч, Тевез ја освои Лигата на шампионите со Манчестер Јунајтед, беше победник на Копа Либертадорес со Бока, а има и пет титули во националниот шампионат со Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Јувентус и бразилскиот Коринтијанс.

За аргентинската репрезентација одигра 76 натпревари и постигна 13 голови, а најголем репрезентативен успех му беше освојувањето на златниот олимписки медал во Атина во 2004 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Португалците со стил се пласираа на СП: Без Роналдо постигнаа девет гола против Ерменија! (Видео)

Фудбалската репрезентација на Португалија денеска ја декласираше Ерменија со резултат 9:1,…