Дома Фудбал Лига на шампиони Левандовски се огласи: Морам нешто да ви признам…

Левандовски се огласи: Морам нешто да ви признам…

Баерн синоќа на Маракана ја победи Црвена Звезда со високи 6:0 во натпревар од 5. коло во групната фаза на ЛШ.

По првото полувреме Баварците преку Горецка поведе со 1-0, а потоа постигнаа уште пет гола, од кои четири беа на Роберт Левандовски.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Напаѓачот на Баерн е брилијантен оваа сезона, а тоа го потврди уште еднаш во натпреварот на Маракана, каде ја затресе мрежата на противникот четири пати за само 15 минути.

Полскиот репрезентативец во сите натпреварувања оваа сезона, вклучително и настапи за својата репрезентација постигна 32 погодоци и делува незапирливо.

По натпреварот против Црвена Звезда, Левандовски се огласи на социјалните мрежи и напиша: „Морам нешто да ви признам, зависен сум од постигнувањето на голови“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Анчелоти уште вечерва може да добие отказ!

Тренерот на Реал Мадрид Карло Анчелоти вечерва ќе добие отказ доколку неговиот тим не оств…