Дома Фудбал Левандовски се враќа во тимот на Баерн

Левандовски се враќа во тимот на Баерн

Најдобриот стрелец на Баерн Минхен, Роберт Левандовски денес тренираше со екипата и ќе биде спремен за гостувањето во викендот кој следи.

Баерн вчера славеше против Леверкузен со 2:0 и така го искористи поразот на второпласираниот Лајпциг во Келн и во сабота победа против Мајнц ќе му биде доволна да ја обезбеди деветтата титула во низа шампион на Германија.

Левандовски отсутен беше цел април поради повреда која ја заработи во настапот за репрезентацијата на Полска. Тренингот на Баерн го посети претседателот Карл-Хајнц Румениге кој се поздравил со полскиот голгетер.

Натпреварот помеѓу Мајнц и Баерн се игра во сабота во стандардниот термин од 15:30 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер има план за одбраната: Ричардс без обесштетување?

Крис Ричардс од Кристал Палас е меѓу опциите за одбраната на Интер. Американецот има догов…