Роберто Левандовски зад себе има уште една успешна сезона во дресот на Баерн Минхен со која уште еднаш потврди дека е еден од најдобрите напаѓачи во Европа.
Левандовски својата фудбалска афирмација ја доживеа во Борусија Дортмунд под водство на Јирген Клоп.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Полјакот во интервју за ЕСПН меѓу другото откри дека токму Клоп е неговиот омилен тренер.
„Јирген Клоп е мојот омилен тренер, а после него Пеп Гвардиола“, изјави Левандовски.
„Клоп има две лица. Можете да забележите дека некогаш се однесува како да ви е татко, но тука е и другата страна, тренерската страна. Во состојба е да ви каже се, некогаш и не многу пријатни работи. Тоа е голема мотивација. Тој работи совршено бидејќи има поставено граница, тој знае кога и колку може да ве притиска“, додаде напаѓачот.