Дома Останати Кошарка НБА Леброн ги предводеше Лејкерси до нова победа, Харден повторно имаше свое шоу (ВИДЕО)

Леброн ги предводеше Лејкерси до нова победа, Харден повторно имаше свое шоу (ВИДЕО)

Изминатата ноќ во НБА лигата беа одиграни осум натпревари.

Посебно интересно беше во „Стејплс Центарот“ каде што Лос Анџелес Лејкерси со 99:97 славеа против Сакраменто.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Кингси беа подобри во поголемиот дел од првото полувреме, но домаќинот држеше приклучок, па на полувремето се замина со предност за екипата на Сакраменто од 50:49. Лејкерси во второто полувреме стигнаа гас и дојдоа до победата, иако Кингси во ниту еден момент не се предаваа, па на кратко го превземаа водството на половина на четвртата четвртина.

Имаа во финишот и напад за изедначување, но Ентони Дејвис го блокираше шутот на Барнс во последните моменти од натпреварот.

Домаќините до победа ги предводеше одличниот Леброн Џејмс кој уфрли 29 поени и запиша 11 асистенции. Дејвис додаде 17, додека поен помалку уфрли Колдвлел-Поп.

Кај Кингси најефикасен беше Буди Хилд со 21 пеон, а се истакна и Богдан Богдановиќ кој уфрли 18 поени. Холмес додаде 17, Фарел 14, а Бјелица 11 поени.

Голден Стејт запипа пораз на домашен терен од Бостон Селтикс со резултат 105:100.

Вориорси добро го отворија натпреварот, но Селтикси брзо се вратија и после неизвесната последна четвртина славеа победа. Клучните поени за Селтикси ги постигнаа Џејсон Татум и Кемба Вокер.

Татум беше најефикасен со 24 поени, додека Вокер додаде 20. Одличен беше и Браун со 22 поени. Кај Вориорси Алек Буркс уфрли 20 поен.

Џејмс Харден уште еднаш имаше свое шоу и постигна 44 поени во победата на Хјустон над Индијана. 44 поени изминатата вечер постигна и Бил кој го предводеше Вашингтон до триумв над Минесота.

НБА Резултати:

Шарлот – Детроит 109:106

Орландо – Сан Антонио 111:109

Хјустон – Индијана 111:102

Минесота – Вашингтон 116:137

Мемфис – Јута 107:106

Оклахома – Филаделфија 127:119

Голден Сејт – Бостон 100:105

Лејкерси – Сакраменто 99:97

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Судијата Радески спаси живот на фудбалер 🎥

Судијата Дарко Радески спречи можна трагедија на вчерашниот натпревар од Третата лига – За…