Дома Фудбал Германија Лајпциг го претстави Елмас: Сакам да играм како десетка

Лајпциг го претстави Елмас: Сакам да играм како десетка

Македонскиот „дијамант“ Елиф Елмас денес и официјално беше претставен како нов играч на Лајпциг, каде пристигна од Наполи за 25 милиони евра.

Елмас го даде првото интервју за клупскиот канал на Лајпциг и зборуваше за амбициите и што очекува од трансферот.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„Среќен сум што сум тука. Се приклучив на одличен тим кој има голем квалитет. Лајпциг е голем клуб во Германија. Ми се допаѓа како се развиваат младите таленти овде. Имам 24 години, млад сум и сè уште можам да се подобрам. Тука е вистинското место да го направам токму тоа“, изјави Елмас.

„Марко Росе е многу јасен за она што сака да го види и знае како да се справи и да ги подобри младите играчи. Сега мое е да апсорбирам сè што можам и подобро да ги сфатам основите на теренот. Сакам да играм како десетка, но можам да играм секаде во средниот ред“, додаде Елмас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Денеска беше постигнат најбрзиот гол сезонава во Премиер лигата! (Видео)

Ливерпул по пауза од месец и пол успеа да постигне победа дома во Премиер лигата. Во 16-то…