Дома Фудбал Италија Лацио спрема отказ за Инзаги – започна преговори со Гатузо

Лацио спрема отказ за Инзаги – започна преговори со Гатузо

Лацио не ја отвори најдобро сезоната како во Серија А, така и во Лига Европа, па најверојатно сметката за слабите резултати ќе ја плати тренерот Симоне Инзаги.

Лацио моментално е на седмото место во Серија А со 12 бода по осум одиграни кола, додека во Лигата на Европа има само една победа и два порази.

Медиумите на Апенините тврдат дека фаворит за наследник на Инзаги е Џенаро Гатузо.

Според „Тутомеркато“, Лацио веќе започнал преговори со поранешниот тренер на Милан, кој е спремен да седне на жешкото столче на „Олимпико“.

Симоне Инзаги е во Лацио од 2010 година, кога го презеде младинскиот тим, а во 2016 година беше именуван за тренер на првиот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул заинтересиран за голманот на Хал Сити, Тзолакис

Ливерпул се интересира за голманот на Хал Сити, Константинос Тзолакис, кој би можел да чин…