Дома Фудбал Италија Лацио се буни за тренинзите на Роналдо, Португалецот може да биде казнет

Лацио се буни за тренинзите на Роналдо, Португалецот може да биде казнет

Кристијано Роналдо во моментов е во Мадеира каде го минува периодот на самоизолација поради ситуацијата со коронавирусот.

Португалецот тајно тренирал на националниот стадион во Мадеира, а бидејќи немал дозвола за тоа реагираа и локалните власти.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


На тренинзите на Роналдо реагираше и Лацио, затоа што на нивните фудбалери не им се дозволува тренинг а Роналдо одржува форма.

Артуро Диаконале, кој е задолжен за односи со јавноста во римскиот клуб ги критикуваше челните лица на лигата, затоа што нивните фудбалери мораат да бидат во карантин, додека првата ѕвезда на Јувентус, Кристиано Роналдо тренира на фудбалски терен во Португалија.

Реагираше и секретаријатот за здравство на Португалија од каде истакнаа дека Роналдо немал дозвола за тренинг на стадионот и ги прекршил правилата, па би можел да биде казнет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Манчестер јунајтед подготвува „чистка“ во средниот ред, на повидок и една неочекувна одлука!

На Олд Трафорд претстои лето на значајни промени. Составот на средината е приоритет, а нек…