Дома Топ вести Лацио пронајде замена за Андерсон и тоа каква – Себастијан Џовинко!

Лацио пронајде замена за Андерсон и тоа каква – Себастијан Џовинко!

giovinco

После продажбата на Фелипе Андерсон кој замина во Вест Хем, местото во екипата на Лацио остана празно, а касата полна.

Сега, Клаудио Лотито сака на Симоне Инзаги да му обезбеди замена за Фелипе Андерсон, а во италијанските медиум сензационално се споменува името на Себастијан Џовинко.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Италијанскиот фудбалер веќе три години настапува за Торонто во МЛС лигата каде што прикажува феноменални настапи, па сега би можел да добие можност повторно да се докаже во Јувентус.

Единствено проблем за трансферот би можеле да претставуваат високите примања на фудбалерот. Џовинко во Торонто добива околу седум милиони евра и доколку се одлучи да го облече дресот на Лацио веројатно ќе мора да ги спушти своите барања. Но, тоа во овој момент е само претпоставка.

Џовинко во Серија А го носеше дресот на Јувентус, Парма и Емполи  а откако не успеа да се избори за место во тимот на „старата дама“ се одлучи за трансфер во Торонто.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Промашувањето од 40 милиони евра на Јунајтед се враќа на „Олд Трафорд“

Дони ван де Бик во Манчестер Јунајтед пристигна за 40 милиони евра, но не успеа да ги опра…