Италијанските медиуми пренесуваат Лацио новото засилување може да го доведе од Милан.
Имено, екипата од престолнината на Италија во летниот преоден рок ќе се обиде да го ангажира 27-годишниот дефанзивец на Милан Алесио Ромањоли на кого договорт му истекува на крајот од сезоната.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Така тимот од „Олимпико“ би добил бесплатно засилување, а Ромањоли би го направил најплатен играч во клубот со годишна плата од околу три ипол милиони евра. Она што е интересно е што Ромањоли е „дете на Рома“, меѓутоа во минатото истакнуваше дека е навивач на Лацио.
Токму од Рома дојде во Милан во 2015 година, а во еден период играше и на позајмица во Сампдорија. Како играч на Милан стигна и до статус репрезентативец на Италија за која настапува од 2016 година. На 12 натпревари постигна два гола.
Сезонава Ромањоли запиша вкупно 21 настап и оствари учинок од еден гол и една асистенција. Освен како стопер Ромањоли по потреба може да игра и како лев бек.