После 0:0 во првиот натпревар на „Олимпико“, Лацио во реваншот од Купот на Италија со 0:1 го совлада Милан на „Сан Сиро“ и така се пласираше во финалето на ова натпреварување.
Лацио нешто подобро влезе во натпреварот, но во првото полувреме не видовме премногу шанси.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Може да се издвои обидот на Давид Калабрија од 28-та минута, но и двете прилики за Лацио во финишот од полувремето.
Бастос се обиде во втората минута од судиското продолжение на првиот дел, но неговиот шут од опасна позиција заврши покрај голо, за неколку минути подоцна Реина да одбрани обид на Кореа.
На полувреме се замина со 0:0. Се играше 52-та минута кога Бастос се обиде, но неговиот удар заврши покрај голот.
Шест минути подоцна Лацио стигна до гол. Одлично гостите истрчаа на контра, Имобиле долго ја влечеше топката и во вистински момент го пронајде Кореа кој го матираше Реина за 0:1.
Успеа Милан да ја затресе мрежата од голот на Лацио. Сепак, голот на Патрик Кутроне беше понишен поради офсајд.
До крајот рзултатот не се промени, па Лацио се пласираше во финалето од Купот на Италија каде што ќе игра против подобриот од натпреварот помеѓу Фиорентина и Аталанта кој се игра утре. Првиот натпревар помеѓу овие две екипи заврши без победник 3:3.