Дома Фудбал Останато Лаутаро: Ќе го имам моето прво дете, головите беа за моето семејство

Лаутаро: Ќе го имам моето прво дете, головите беа за моето семејство

Лаутаро Мартинез вчера блескаше во победата на Интер против Шахтјор од убедливи 5:0 во полуфиналето од Лигата на Европа.

На тој начин „нераоѕурите“ во голем стил се пласираа во финалето од второто по ранг натпреварување во Англија. Секако после натпреварот Лаутаро беше задоволен од својот настап.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Ова беше неверојатна ноќ. Долго време не играв добро како во овој натпревар. Покажавме дека Интер е подготвен за големи работи. Спремни го чекаме финалето. Головите секако многу ми значат. Среќен сум и поради тоа како играше тимот, стануваме се подобри во секој следен натпревар. Освен за настапот среќен сум и на личен план затоа што ќе го имам моето прво дете, па головите ги посветив на сопругата и семејството“, изјави Лаутаро по натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реал Мадрид ќе го обнови договорот на Браим Дијаз

Реал Мадрид постигна договор за продолжување на договорот со офанзивниот играч за врска Бр…