Дома Фудбал Италија Лаутаро Мартинез го шокира Интер

Лаутаро Мартинез го шокира Интер

По затворањето на преодниот рок, Интер ќе го сврти своето внимание кон обновување на договорите на некои важни играчи, пред се на Лаутаро Мартинез.

„Кориере дело Спорт“ пишува дека агентите на Лаутаро го шокирале Интер со барањето за нов договор.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Имено, Аргентинецот имаше понуда од Барселона од 10 милиони евра по сезона, па сега Аргентинецот бара 7 милиони евра годишно од Интер за да стави потпис на нов договор.

Напаѓачот во моментов заработува само 1,5 милиони евра годишно, а Интер не е спремен да му понуди повеќе од 5,5 милиони евра по сезона.

Аргентинскиот напаѓач и неговите претставници сакаат 7 милиони евра годишно, што ќе го приближи до неговиот соиграч во нападот Ромелу Лукаку, кој заработува 8 милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Перез не може да се помири – подготви нов удар за „Златната топка“

Реал Мадрид и оваа година нема да биде дел од свеченоста на доделувањето на „Златната топк…